Крушево

Во тек е светскиот куп во параглајдеризам

Оваа недела во Крушево во тек е Светскиот параглајдинг куп на кој досега беа одржани два од вкупно седум летачки денови. Нашиот пилот Мартин Јованоски од двата летачки дена е трет во генералниот пласман. 

Во неделата, 20.07. на Светскиот куп во параглајдеризам кој што се одржува во Крушево (една од повеќето локации на купот) беше излетана првата трка од 97 км. каде што Мартин Јованоски заврши на 23-тото место од вкупно 122 пилоти. 

Вчера пак, на 21.07. беше летана траса од 85 км. а нашиот пилот заврши на првото место со што го подобри својот генерален пласман на третото. 

Во прилог имаме некои од фотографиите од овие два летачки дена, а првенството се` уште е во тек оваа недела каде се закажани уште пет летачки денови. 

Моменталниот генерален пласман можете да го видите ТУКА

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија