Допингот станува кривично дело во Германија

Германија е на прагот да направи криминализирање на допингот во спортот, со казни затвор до три години за осудените спортисти.

Германскиот законодавен систем во скоро време има шанси да добие нова легислатива со која што употребата на било кој од забранетите препарати ќе претставува кривично дело, а казните ќе бидат до три години затвор за прекршителите – пренесува BBC

Предлог законот треба да се презентира оваа недела, а во парламентот ќе биде гласан идната година на пролет. 

Со ова, околу 7000 професионални германски спортисти кои се регулирани од страна на националната допинг агенција ќе бидат опфатени со новиот закон, а можни се и кривични гонења за странските спортисти кои се позитивни на допинг тест во Германија. 

Досега, поседувањето на било кој допинг препарат од страна на спортист, доктор или тренер беше исто така забрането, а отсега се прават напори дополнително да се затегне употребата на забранетите супстанци со оваа правна постапка. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија