The Weight of Mountains - Тежината на планините

Во чест на планината

Како и секое нешто на планетата земја, така и планините го имаат својот цилкус на раѓање, тинејџерство, стареење и изумирање. Човекот е тука да набљудува, ужива, искуси, почитува и да се запраша како сите овие работи настануваат. Во чест на планината, една од најмоќните креации на природата. 

Во 2003 година на собрание на Обединетите Нации беше донесена одлука 11 декември да стане интернационален ден на планината со цел да се одбележи и даде значење на важноста на овие геолошки форми во нашиот живот на планетата земја. 

Можеби досега ретко сте имале шанса активно да размислувате за настанокот на овие природни формации кои го обликуваат светот, и најчесто само уживате во нивното присуство и пејсажите кои ги нудат, па затоа ви го приложуваме погорното видео каде накратко се разработува темата на раѓање, зреење и умирање на овие формации под влијание на мал милион други елементи од мајка природа. 

Овој викенд, Федерацијата на планински спортови на Македонија преку интересни дводневни активности ќе го одбележи денот на планината. Бидете дел…

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија