Визуелен дневник и уметноста од височините

Ексклузивно за К4Т.мк дел од моите лични видео записи од искачувањето на Еверест 2013.

Како ликовен уметник и зависник од планинските височини ги соединувам во едно уметноста и планините. На своите експедиции, освен искачувањето на врвот, секогаш наоѓам време да создадам и по некој ликовен материјал. Дури и во секојдневието ги документирам во еден вид визуелен дневник. За време на искачувањето на Еверест, скицирав на висина од 6400 метри, а тоа е дел од мојот проект AltitudeArt.

Непосредно пред искачувањето на врвот, под директни импресии од Хималаските височини, ја насликав композицијата “Sagarmatha” која е можеби и највисоко креирано ликовно дело во светот…