Витка ко правосмукалка

Нова американска студија покажа дека причината поради која голем број на Американки се дебели лежи во фактот што повеќето од нив сè помалку усисуваат и перат алишта додека се по дома.

Студијата (за домаќинките) е продолжение на влијателниот извештај од 2011 година каде податоците од Американското Биро за Статистика на Трудот покажаа дека во последните 50 години работата на повеќето Американци инволуирала во седечка позиција. Според податоците, физичката активност на работното место како одењето и кревањето работи скоро исчезнала, со што работниците сега трошат најголем дел од времето во седечка позиција, пред компјутер и на телефон.

Следствено на ова, авторите дошле до заклучок дека просечниот американски работник троши 150 калории помалку во текот на работниот ден што допринело во голема мера за растот во тежината, особено кај мажите.

Е сега, бидејќи првава студија конкретно ги гледала оние со фиксните работни места, продолжението го опфаќа мнозинството на жени кои во минатото работеле само како домаќинки.

Информациите кои им биле потребни ги ископале од огромна архива на дневници во кои се собирале податоци за начинот на кој се трошело времето во текот на денот на оние кои биле испитувани (т.н. “time-use diaries”).

Авторот и неговите колеги извадиле податоци за тоа колку жените во тоа време (од 1965 до 2010) се посветувале на чистење по дома, и како тие активности се менувале со текот на времето.

Испаднало дека, Американките и те како биле активни домаќинки кои трошеле 26 часа неделно на чистење, готвење и перење во 1956, а вршењето на истите покренувало голема енергетска потрошувачка (исто како постарите типови на коли).

За разлика од тогаш, 45 години подоцна, работите драматично се смениле. Податоците покажале дека од тогаш па наваму жените (еволуирале) со што почнале да трошат во просек 13,3 часа неделно на домаќинлук.

Седењето пред телевизор (односно било каков екран, бидејќи тогаш немало компјутери) исто така се зголемило за дупло часови во корист на модерната жена, од 8 часа на 16,5 часа неделно, а калориите следствено заостанале во нивното горење.

Според Др. Арчер, авторот на студијата, со текот на времето настанала огромна редукција во енергетската потрошувачка, што низ годините довела до сигнификантно зголемување на тежината.

Тој предлага итно да се изнајдат начини движењето на било каков начин повторно да се инкорпорира во секојдневието на човекот, барем кога тој е по дома.

Многумина од нас ќе се сложат со предлогот на Др.Арчер…

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија