Викенд во Планинарскиот Дом Караџица

Втор по ред традиционален Бут Камп на Караџица, цели два дена во кои успеавме да извежбаме, планинариме, одмориме очи кон планинскиот недоглед кој го нуди на послужавник природата околу планинскиот масив на Јакупица.

На познат терен, со одлични домаќини и не може а да не си поминеш еден спортски викенд поразличен од секојдневието. Целната група, целта на кампот, желбата, мотивот и предизвиците Ви се веќе познати, но еве ќе Ве потсетиме дека Бут Камп Бубало продолжува со повеќдневните спортски камови на кои можат да присуствуваат сите оние кои имаат желба за дружење, вежбање, планинарње, различни спортски активности и едноставно да поминат некои свои граници и предизвици, да се вратат назад освежени, убаво изморени, со постигнати индивидуални резултати и со поголема желба за следен камп.

Денот кога пристигнавме традиционално и по некое непишано правило моравме да поминеме 1-2 часа на познатата тераса на ПД Караџица кој не може да се опише мора само да доживее, па следеше лесна планинарска тура до Кадина Река со времетраење од 2 часа. Потоа планденевн одмор и ручек по желба, но сепак здрав оброк, за да можеме да извежбаме во зелениот двор на планинарскиот дом. Едно часовен кружен интензивен кардио тренинг, во кој секој вежбаше индивидуално со своја брзина и сила, со цел следниот камп да направиме контролен тренинг и да видиме каков е напредокот! Како што напоменав дека има промена во содржината на кампот, а дел е тоа е освне видот на тренинзите и должината на планинарската тура. Истата ја продолживме до Бегово Поле (во неделата) со должина од 14 км во правец и надморска Височина од точно 2000 м на северната страна од Солунска Глава. Поле долго 1.5 км и со ширина од 500 до 1000 метри, сета таа површина позелена и не можевме да ја начекаме, како што не информираа дека го посетивме во најзелниот период, а Ема изјави: ”дечки гледајте бидејќи волку зелено не знаеме кога следен пат ќе видиме”. Но да не го заборавам и снегот на кој наидовме и го искористивме да се разладиме од топлиот сончев ден. Изморени, исончани и гладни пристигнавме назад во домот и заокруживме и докажавме уште еден успешен спортски викенд со ново искуство, а на исто место.

Спортски поздрав!