Вихрен преку Џамџиев раб

Прилично топлиот пролетен викенд една мала четворочлена македонска екипа реши да го мине на секогаш прекрасниот Пирин и врвот Вихрен. Избор беше зимската патека по Џамџиевиот гребен која е доста стрмна и исполнета со малку посериозни но секогаш предизвикувачки елементи и детали за минување. Убавината на регионот ја доловивме со едно кратко но слатко видео. Уживајте. 

  • Екипа – Александар Кирковски, Кирил Филиповски, Игор Делов и Игор Јовановски.
  • Локација – Пирин планина, врв Вихрен 2914 м.н.в
  • Сместување – хижа Вихрен
  • Главна работа на мени – боб
  • Главна пијачка – пирински бирички

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија