Наслов

Видео фестивал за сите љубители на трчањето

Веќе втора година по ред сите оние кои се тесно врзани со нивните патики за трчање ќе бидат во можност да проследат интересен репертоар на кратки филмови со акцент на планинското трчање кое во последните години е во одличен подем.

Планинското трчање е одговорот. Прашањето, горе-долу е ирелевантно

Trail running is the answer. The question is pretty much irrelevant


 

Видео фестивалот „Луѓе како Нас” кој е во организација од ЕХО - денови на планински филм, TREX - здружение на планински тркачи и ПСД Макпетрол и оваа година, вторпат по ред ќе биде на одржан во кино Фросина на 22.04 со почеток во 18:00. 

Планинското трчање, во англиската терминологија познато како Trail running означува пренесување на едноставното основно човечко движење поблиску до природата, во планината, на мали и тесни шумски патеки па дури и онаму каде што нема патеки. Духот на самиот спорт е да се биде што поблиску до природата, да се ужива во чистите предели и да се надминат тешките предизвици, стравови и сопствени граници. 

На видео фестивалот „Луѓе како нас”, публиката ќе има можност да погледне 12 кратки филмчиња од оваа тема кои обработуваат познати светски трки во планинско трчање, филозофијата на самиот спорт, уживањето во природата и различните авантури. 

Во склоп на фестивалот презентација ќе одржи и Тања Стојановски, најпознатата српска ултрамаратонка која има македонско потекло на темата „Каде се движи планинското трчање?” со акцент на Балканот. 

Датумот е 22.04.2015, времето е 18 часот, а влезот е бесплатен. 

Бујрум и програма, само не ѕиркајте премногу на интернет туку дојдете да уживате на големото платно.

Програма:

1. For The Love – Luis Peña

2. Trail running – A passion – Nicolai Brix

3. Trail Tour des lacs d'Ayous...Pic Castérau – Benoit Bracot

4. Journey – trail running in the US national parks – Guillaume Arthus

5. Altering Expectations – Kimberli Teshima & The Oregon Coast 50k – Ginger

Runner

6. Run Trail – Steven Mortinson

7. Krali Marko Trails 2014 – Игор Јовановски

8. Над облаците – UTMB 2014 – Јовица Јованчев

9. Cappadocia Ultra Trail 2014 – The North Face Cappadocia Ultra Trail

10. MUT Runner – Sage Canaday

 

  • Тема на вечерта : Каде се движи планинското трчање ? и гостинката на вечерта : Тања Стојановски – една од најуспешните ултрмаратонки во Србија во друштво на неколку наши ултрамаратонци.

 

11. Barkley 100 – Brendan Young

12. Running The Edge – The Colorado Trail – Matt Trappe

 

07 Април 2015

За авторот