Успесите на балканскиот шампион во карате во 2013 година

Успешна 2013 за Идризи

Балканскиот двократен карате првак Абдурахим Идризи успешно ја заокружи натпреварувачката година со освоени 26 медаљи од кои 20 златни, 1 сребрена и 5 бронзени. поред тоа се оваа година ги освои титулите светски, европски шотокан првак.

2013 та година ја започна со освјување на гранд при Кроација каде што беше прв во кумите во негова категорија *за натпреварувачи родени 2001/-34 кг а во кати се натпреваруваше со кадети 14-15 години и го освои фантастичното 5 место, потоа успесите се редеа како на филмска лента.

Не ред беше државното првенство каде стана државен првак 2001/-35 кг во кумите и во кати и се стекна со правото да ги брани боите на државната репрезентација на предстојното балканско прванство во Крагуевац-Србија каде што успешно ја одбрани титулата балкаски шампион во кумите 2001/-35кг и во кати беше третоместо. Само после една недела замина за Истанбул каде што учествуваше на предстојното Шотокан светско прванство каде сто се закити со светско Шотокан злато и освои две бронзени медали, потоа учествуваше на неколку меѓународни турнири како што се: Никон куп Бугарија, Нови град Сарајево, Спилле Албанија, Струга опен, и на сите овие турнири се закити со златни медали во кати и борби.

 

Потоа на ред беше еврпопското шотокан првенство и воедно и светскиот шотокан куп кој се одржа во Бурса Турцја, тука Идризи во кати стана европски Шотокан вице првак додека во борби без кокуренција беше златен, а истовремено стана и освојувач на светскиот куп

во кумите 2001/-35 кг, после овој величествен резултат Идризи учествуваше уште на два меѓународни турнири како што се меморијалниот турнир во Славонски брод во кој се натпреваруваше во 4 дисциплини и освои 3 златни и една бронзена медаља, а на крај ја заокружи сезоната во Гостивар освојувајќи две златни на популарниот Гостивар куп. со тоа мозе да се рече дека Идризи имасе многу успесна 2013 година, па остануваме со надеж дека и во 2014 ќе продолжи со исто темпо.