Успесите на македонскиот Вушу – САНДА тим во Норвешка

На 18ти Ноември македонските вушу санда клубови со свои членови земаа учество на шестото издание на отвореното вушу првенство во Осло, Норвешка.

Во конкуренција на натпреварувачи од 20-тина земји освоија 2 златни, 1 сребрен и 1 бронзен медал.

Два златни и еден сребрен медал освоија членовите на Кик бокс клуб Тим Зоран од Струмица. Освојувачи на златниот медал се: Пепи Велков (- 70 кг) и Витанче Витанов (+80 кг). Сребрениот медал му припадна на Филип Мицески (+80 кг).

Бронзениот медал го освои Марко Андонов (-65 кг) од Дантјен Винг Чун Кунг фу КЛУБ од Скопје.