Прилепски Поштенски маратон 2015

На 1 ноември во Прилеп се одржа Првиот поштенски маратон во чии рамки се одржаа маратонска, полумаратонска, забавна и детска трка.

 
Победниците на маратонската трка во женска категорија се:
1. Маријана Чегар Лукиќ (3:11:18)
2. Весна Кираџиева (3:22:32)
3. Катарина Шиповиќ (3:48:43)
Победниците на маратонската трка во машка категорија се:
1. Саша Столиќ (2:50:31)
2. Александар Кираџиев (2:55:13)
3. Игор Јакимовски (2:58:22)
Победници во полумаратонската трка во женска категорија се: 
1. Росица Костова (1:34:32)
2. Андријана Поп Арсова (1:40:51)
3. Александра Величковска (1:50:08)
Победници во полумаратонската трка во машка категорија: 
1. Кокан Ајановски (1:14:34)
2. Кристијан Стошиќ (1:14:46)
3. Дарко Ивановски (1:15:09)
Овој маратон имаше за цел меѓудругото да ја промовира поштенската дејност, поштенската комуникација и дополнително да ја валоризира улогата на поштарите-главниот симбол на разнесувањето на пишаниот збор во светот.
Според Влатко Атанасоски од Агенција за пошти, ова е прв ваков тематски маратон во светот:
  • „Идејата е да се промовира здравиот начин на живот, активниот начин на живот, и тоа преку најтешката атлетска дисциплина која е тесно поврзана со издржливоста на поштарите како разнесувачи на добрите вести.”
Се надеваме дека овој настан ќе стане традиција и секоја година ќе брои се повеќе учесници.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија