Успешно завршен годишниот маратонски предизвик

Ако некој вели дека е невозможно или тешко, тогаш Анет Фредсков успеа да го разубеди светот и да го оствари својот маратонски предизвик во неделата, на 14 јули 2013 година, кога го истрча својот 366ти маратон за 365 дена со дијагностицирана мултиплекс склероза. 

Со потполна поддршка од двете деца и сопругот како и од останатите луѓе кои се воодушевуваа на нејзиниот подвиг, Анет го истрча својот последен маратонски круг со што ја комплетираше зададената задача од минатата година. 

Со завршетокот на последниот ден од двата маратона (84км истрчани за 10:44:00), таа може да се пофали со над 15.000 километри истрчани во 366 маратони за 365 дена.

Дузина поддржувачи трчаа заедно со неа додека ја завршуваше својата последна трка во родниот крад во Наествед, градче јужно од Копенхаген. 

И покрај тоа што физички се чувствувала уморно, таа изјави ”дека сонот и се остварил на овој прекрасен ден”. 

Симптомите од болеста се повлекле со редовната физичка активност, што ја зајакнала нејзината верба дека маратоните се најдоброто нешто што и се случило, покрај општото мислење дека се исцрпувачки за здравјето. 

Нејзината порака е дека со овој подвиг сака да ги мотивира другите луѓе, да не се откажуваат од своите желби дури и кога сè чини дека постојат многу препреки на патот.