Успешно реализирана кадровска акција во Доломитите

Во текот на минатата недела, 8 членови на Македонската Алпинистичка Федерација успешно реализираа кадровска акција во Доломитите.

Тимот се состоеше од по двајца претставници на АК Плоча – Радовиш (Зоран Мајсторски-водач на акцијата и Стефан Ристов), АК Матка – Скопје (Иван Јакимовски и Иван Кузмановски), АК Патагонија – Охрид (Ангел Куртелов и Мартин Пејоски) и АК 8 – Скопје (Христо Ежовски и Благоја Китановски).

Беа искачени 10-тина насоки на 5 различни локалитети со тежини од IV до VII- и должини од 150 до 450 метри (вклучувајќи овде и многу важни класики!).
Наскоро ќе споделиме повеќе информации за наврските, насоките, а и повеќе фотографии од ова патување.

Акцијата беше реализирана со поддршка од Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија.

ИЗВОР

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија