Едрење

Успешни припреми за нашиот најдобар едриличар во Ласер 4.7

Успех на меѓународен план. Нашиот репрезентативец во Ласер 4,7, Никола Чуркоски покрај десет дневните тренинзи во Хрватска, зеде учество и на регатата “Kup jedriličara sa Škvera” во Херцег Нови – Црна Гора и го освои високото 4то место.

 

Во комуникацијата со Никола ни беше соопштено дека на последниот ден од натпреварувањето тој имаше реални шанси за 2 место, но поради одлагање на регатата, заврши четврти во вкупен пласман.

Овие тренинг регати се подготовки за неговото учество на светското првенство кое ќе се одржи наредниот месец на езерото Балатон – Унгарија каде едриличарот од ЕК Снегар – Струга ќе се бори во конкуренција од 250 едриличари од целиот свет.