Успешен настап на нашиот прв тим на трката Ред Фокс Елбрус

Овој викенд на врвот Елбрус, Кавказ се одржа трката Ред Фокс Елбрус на која успешно се претстави нашиот прв македонски тим составен од Марјан Бонев, Александар Кирковски и Дејан Тодевски. 

Александар Кирковски (ПК Македон) успеа да ја заврши трката за 5:35 na 26тото место и со тоа да го постави најдоброто време на еден Македонец на врвот Елбрус, а Марјан Бонев (ТРЕКС/ПСД Макпетрол) заврши 10-тина минути после него за 5:45 на 28 во генерален пласман. Дејан Тодевски од ПК Македон успеа да стигне до седлото на 5300 мнв, но не го фати временскиот лимит и мораше да ја запре трката на тоа место. 

Македонскиот тим кој прв пат зеде учество на една од најтешките скајранинг трки во свотот – Ред Фокс Елбрус беше во четворочлен состав но поради смрзнатина на носот при аклиматизационото искачување на 01.05.2017, Кирил Филиповски мораше да ја откаже трката. 

Победник на трката беше Еквадорецот Карл Еглоф кој заврши за рекордни 4:20:45 со што го урна претходниот рекорд (*за качување и спуштање на стазата) на Витали Шкел за скоро 18 минути. Еквадорецот воедно ги држи и брзинските рекорди на Аконкагва и Килиманџаро. 

Првата девојка на врвот беше Диана Зеленова која заврши за 4:30. 

Видео од стигнување на Карл Еглоф

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија