Екологика

Уништување на шумите VS паметни потрошувачи

Од тропските амазонски шуми во Јужна Америка, до индонезиските џунгли, низ целиот свет шумите се под закана од постојано зголемување на глобалната жед за продукти, уништувајки ги белите дробови на нашата планета.

Светската фондација за дивиот свет или WWF имаат многу јасна порака за шумите низ нашата планета :

„Шумите покриваат третина од континенталната површина на нашата планета. Тие го произведуваат кислородот кој го дишиме и се дом за многу од загрозените и ретки животни, како и за билиони луѓе кои зависат од бенефитите што шумите ги даваат, како храна, чиста вода, традиционална медицина, материјали за облека и засолниште.“

„Но шумите низ планетата се загрозени од уништување, загрозувајќи ги притоа бенефитите кои ги даваат. Уништувањето доаѓа од повеќе нешта, како пожари, потполното сечење за создавање нови земјоделски површини, фарми и нови населени места, неодржливото сечење за дрво како суровина, како и поради климатските промени.”

Колку всушност шумски површини се губат во светот?

Околу 36 фудбалски игралишта секоја минута! Да, секоја минута 36 фудбалски игралишта…

Затоа ѝ требате на планетата, повеќе од било кога:

Тo do list:

  • Минимално користење на хартија – немора се да се принта, ма немора скоро ништо да се принта, прати го во pdf-ка;
     
  • Рециклирање на хартија наместо фрлање – така повторно ќе се употреби за ново производство на хартија, без потреба од нови исечени дрвја;
     
  • Kомплетно дрвни производи – треба да се избегнуваат, секогаш има некои умни фаци кои направиле покул производ што не ги злоупотребува шумите;
     
  • Посадувајте нови дрвја, барем 5,6 годишно, како на пример Кинезите кои секоја година го прават тоа (порано било и задолжително);
     
  • Советувајте ги другарите, една позитивна акција направена од многу луѓе значи огромна промена во општеството.

P.S. сакате да истражете малку повеќе за ова, одете на следниот линк, GLOBAL FOREST WATCH – најдобрата алатка досега направена за следење на состојбата на шумите (ја има и Македонија)…