Ултра: пред и потоа преку фотографии

Ова се портрети на познати ултрамаратонци пред и по трка…

Францускиот фотограф Алексис Берг и неговиот брат Фредерик направиле серија фотографии од познати фаци во ултрамаратонскиот свет. Првата фотографија е пред трка, а втората по трка, со сите траги од долгите километри на лица на финишерите. Сите фотографии се направени за време на Ultra-Trail Harricana du Canada 125K.

Инаку овие двајца фотографи стојат и зад делото Grand Trail, книга со фотографии посветена на планинските ултра трки, пејажи и тркачи. При фотографирањето и подготовката за книгата наишле на некои од најпознатит планински тркачи како Скот Јурек на сред Апалачи, Килијан го ретнале во Колорадо, Крупичка во Бoлдер, Џен Шелтон пред пивница во Дуранго…

За оваа серија од 13 пред и потоа фотографии „беше важно да се видат анонимни, универзални емоции. Не се обидував да го прикажам единствено патењето или радоста. Ја сакав целата палета“ – вели за trailrunningmag фотографот Алексис Берг.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија