Овој викенд, „Тур де Галичица“

На 22ри овој месец имаме можност да вртиме педали на прекрасната Галичица. Ви најавуваме вака порано, чисто да си ја ставите турава во календарот, било еднодневна, а може и дводневна со шатори за поубаво аутдор искуство. 

На 22 јуни во недела со почеток во 09.00 часот од Ресен тргнува велосипедската „Тур де Галичица”. Турата е во должина од 71 километар која што е составена од 35 км. асфалт и 36 км. земја и вкупна денивелација од 980 метри. Добредојден е секој што има желба за добра авантура и откривање на прекрасните терени на оваа планина.

Задолжителни елементи за безгрижно присуство: желба за вртење педали на планина, спремно и стегнато точаче со некој алат за менување гума и слично, кацига обавезно, а се` останато ќе си дојде на место.

Во продолжение ја имаме и рутата:

 

Турата започнува од Ресен па се упатуваме кон Отешево, пред Стење на 20 км вртиме за Галичица, а оттука имаме добри 15 км качување кон поранешните скијачки терени. Од ски терените почнува земјениот пат и води до селото Болно и на патот за Ресен.

За оние кои си сакаат шатор и спиење на отворено ќе биде организирано кампче во селото Стење откаде ќе може да се посети познатото Коњско, а вечерта не очекува журка.

Турата е отворена за секого и не се плаќа никаков стартен пакет. Секој учествува и вози на своја одговорност.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија