Тројца наши претставници на Светскиот фитнес шампионат во Будимпешта 2015

Македонија на Светскиот Фитнес шампионат 2015 кој ќе се одржи од 13ти до 16ти ноември во Будимпешта, Унгарија ќе биде преставувана од тројца наши натпреварувачи во две категории: Марија Нацева – Бикини Фитнес; Томица Милушевски – Физик; Еролинд Качалнику – Физик. Тие денес ќе отпатуваат за Будимпешта каде ќе ги направат последните подготовки до претставувањата закажани за 14ти и 15ти ноември. 

Дополнително во организацијата на овој настан Бобан Ѓороски и Милан Глигороски од Македонија ќе бидат дел од интернационалните судии кои ќе судат на ова Светско Фитнес Првенство.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија