Трк до Меденица

Во неделата на 20.07.2014 на падините на Бистра со почеток во планинарскиот дом Беличица, преку врвот Меденица и крај повторно во селото Беличица успешно беше организирана трката во планинско трчање од страна на TREX. 

Сонце, по некое облаче, пејсаж што плени, опоен мирис на  ливадите ишарани со цветови и рој насмеани тркачи. Од Беличица до Медница и назад вкупно 24,5 км , доволно за секој што се обиде за прв пат да трча во планина , за секој кој тренира за остварување на свои поголеми цели или едноставно имаше желба да се качи на Меденица.

Благодариме на Горска Вода за донацијата на вода и на НП Маврово кои ни дозволија да ја доставиме на половина трка, на ПК Македон кои беа супер домаќини и на Алга Сан кои подржаа со своите гелови. По неделната трка знаеме дека нашата мала дружина стана побројна и ветуваме дека ТРЕКС ќе продолжи да ги промовира убавините на нашата  земја и да инфицираме уште многу љубители на планината со планинско трчање.

Резултати

 

 

 

Повеќе фотки ТУКА

Автор

TREX

Скопје

Македонија