Три, за позор, четири, ПРИЈАВИ СЕ!

Регистрациите за Виз Ер Скопски маратон 2017 се отворениСпецијална промоција во првите два дена!!! При процесот на регистрацијата ќе можете да го одберете вашиот омилен стартен број!

Низ годините, Виз Ер Скопски Маратон прерасна во најмасовен спортски настан во Македонија кој привлекува се поголем број на учесници, како домашни така и странски натпреварувачи. Од настан кој се организира еднаш годишно, истиот се претвори во движење кое ги претставува некои од најголемите човекови вредности, како истрајноста, упорноста и солидарноста.

За претстојниот маратон, кој ќе се одржи на 7ми мај, 2017, внесуваме интересен новитет за најбрзите заинтересирани кои ќе се пријават да учествуваат во некоја од трките, а на програмата се 4: маратон, полумаратон, штафетен маратон и трка на 5км.

“Вратите” за онлајн пријавувањето на маратонот ќе се отворат на 26ти Oктомври 2016 во 08:45 часот наутро на веб страната skopskimaraton.com.mk, а сите заинтересирани ќе имаат ексклузивна можност да го одберат својот омилен број (од понудените ранг на броеви). Изборот на стартниот број ќе се одвива при процесот на онлајн регистрација, и во овој период плаќањето ќе може да се изврши само со плаќање преку онлајн системот.

Овој прозорец на слободен избор ќе трае само до 27ми Oктомври, до 23:59 часот, пред полноќ. По завршување на промотивниот период, стартните броеви веќе нема да може да се бираат по слободен избор, туку ќе бидат автоматски доделувани преку системот за регистрација, и ќе има можност за плаќање и преку уплатница во банка.
Пријавувањето и регистрацијата за Виз Ер Скопски Маратон 2017 ќе може да се изврши преку официјалната веб страна на Виз Ер Скопскиот Маратон, skopskimaraton.com.mk и преку партнерот за онлајн регистрација на Виз Ер Скопски Маратон, www.smartrace.club.

Како и секогаш, брановите за регистрација и оваа година ќе бидат распределени во повеќе етапи а првиот завршува на 30ти Ноември, потоа цените ќе се зголемуваат на секои два месеци. Предноста од пријавувањето во раните периоди е тоа што цените за маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон и трката на 5км се пониски за разлика од подоцнежните рокови за пријавувањае.

Можноста да се одбере својот стартен број од броевите кои ќе бидат понудени за секоја од трките, е ретка можност за секој учесник да учествува на претстојното издание на Виз Ер Скопски Маратон со број кој претставува и симболизира нешто вредно и значајно за истиот.

И оваа година, при регистрацијата сите кои во 2016 не ја искористиле можноста за бесплатна регистрација, а биле пријавени на маратонот, полумаратонот или на штафетниот маратон во 2015, ќе можат да побараат купон за бесплатна регистрација и истиот да го искористат за регистрација за трките во 2017. Повеќе информации за бесплатниот купон на следниов линк skopskimaraton.com.mk/kupon