Aнализа на натпревар со смартфон

Вообичаено по завршување на фудбалскиот натпревар, тренерите со часови ја прегледуваат снимката барајќи некои специфични моменти за анализа. Со новиот комбиниран систем од мобилни апликации развиен од Универзитетот во Осло, тренерите ќе може за време на натпреварот да снимаат и гледаат одредени ситуации доколку е потребно. 

Станува збор за прототип на две фудбалски апликации, Багадус и Митус, кои вклучуваат интегриран сензорен систем, фудбалски анализатор и видео обработка.

Како функционираат апликациите?

Со Багадус и Митус, тренерите имаат можност преку смартфон да погледнат видео од клучните моменти на натпреварот и да ги анализираат веднаш или подоцна.

Митус инкорпорира шест поврзани камери, сите вградени на различни страни на теренот, така што за време на натпревар, кога тренерот гледа ситуација која сака да ја анализира, ja активира апликација која ги снима односно зачувува ситуациите кој се случиле претходно, и во истиот момент се достапни за подетална анализа.

Но, во случај кога тренерите сакаат да видат како играчите индивидуално се претставиле тогаш ја користат и апликацијата Багадус.

Секој играч носи сензор на својот појас дизјаниран од ZXY Sport Tracking, кој му овозможува на Багадус да ги лоцира и следи.
Прототипот на апликациите е веќе инсталиран во Alfheim стадионот во Норвешка.

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија