Комерцијален текст

ТРЕК посилни со Униор алатите за велосипеди

Компанијата што произведува Trek велосипеди објави дека ќе биде првиот дистрибутер на Униор алатки во Северна Америка.

Инаку Униор алатите се произведуваат во Словенија. Спогодбата првично беше објавена минатиот месец во Trek World. Иницијално, Трек бара од Униор да им помогне при подесувањето на локации за Сертифицирани сервиси. Униор нуди широка палета на рачен алат како и кутии за алатот, клупи, сталаци и сите се произведени во нивната фабрика. 

Униор го ангажира ветеранот во оваа индустрија Брус Фина како свој директор за продажна во Северна Америка. Фина, ко-основач на Pedro’s USA кој исто така работи со Кинетик и други брендови, вели дека во иднина покрај Трек, Униор може да соработува и со останатите брендови во Северна Америка. Додека ова е прво големо пробивање на брендот во САД, предходно неколку дистрибутери веќе користеле алати и додатоци за педали на Униор. 

Униор е основан во 1919 година за да ги снабдува со делови брендовите BMW, Мерцедес, Фолцваген и други. Компанијата има пет фабрики и 2,500 вработени и нуди вкупно 5,500 алати во сите категории.

Компанијата веќе ги снабдува со официјални алати тимовите Trek Factory Racing MTB, Movistar и Etixx-Quickstep.

„Високиот квалитет и експертиза на Униор сега може да се цени и користи во Северна Америка преку мрежата на Трек премиум продавачи,” изјавија од Трек. 

Во останатите продавници, повеќето Униор алати имаат сини рачки. Но поради можна забуна со брендот Park Tool, Униор алатките за САД ќе бидат поинаку обоени, изјави Фина за BRAIN.