Трчајќи го маратонот на Јужниот Пол

Во колумна за Ранерс Ворлд, ултрамаратонецот Дин Карназес раскажува за неговото прво искуство на најстудениот маратон на светот, поточно на првото издание од истиот кога тој ја за вршува маратонската дистанца за 9 часа и 18 минути.

Маратонот на Јужниот Пол за прв пат се има одржано во 2002 година (Дин раскажува за оваа година) во организација од здружението ANI – Adventure Network International. Иако оригиналните планови биле маратонот да премине во традиција, тие паѓаат во вода поради големи потешкотии за организирање на истиот за во 2006-тата година истиот да прерасне во таканаречениот Антартик Ајс Маратон кој се одржува до ден денес. 

Се работи за маратон кој се одржува на Антартикот т.е. на едно од најнегостопримливите места на планетата земја каде просечните температури се движат околу -40 до -50 целзиусови степени. Тој претставува единствената шанса за сите оние маратонци кои сакаат да го направат маратонскиот гренд слем т.е. да финишираат маратон на сите континенти на светот. Иако, за овој ќе треба да се помачат. 

„Поларното плато каде што се одржува истиот е едно од најсуровите места на планетата земја – вели Дин Карназес. Покрај исклучително тешките минусни температури тука е и самата надморска висина на која се трча маратонот од околу 2700 метри над морето.”

”Дојде денот за старт, а температурата беше исклучително пријатна, околу -5 целзиуси. Сепак, за да го трчаш овој маратон потребно е да си облечен од глава до пети. Носев специјално дизајнирано одело на Норт Фејс, а преку целата глава имав дебела маска (балаклава). Задолжителни се УВ заштитни наочари (за скијање), а над устата и носот имав дополнителен заштитен дел (нешто како шал) за да не ти замрзнат трахеата и белите дробови.”

„Се чувствував како да сум во нуркачко одело” – вели Дин. 

„Нозете пак се посебна приказна. Носев еден број поголеми патики со Горе-Текс мембрана, а под нив имав облечено два пара сериозно дебели волнени чорапи, плус дополнителни „топлинки” за врвовите на прстите.” 

„За чудо го завршив маратонот за 9 часа и 18 минути и многу поважно, преживеав. Тоа беше еден од најголемите предизвици кои досега ги имам истуркано. Да се биде дел од историската првата група (вкупно шест души) кои трчаа маратон (вклучително и полумаратон и ултра од 48 километри) беше фантастично искуство.”

„Но, најинтересната работа дојде после равршувањето на овој маратон.” 

„Во близина на кампот каде бев седнат има еден железен столб на кој има една топка. Додека седев во непосредна близина и уживав во едноставниот арктички пејсаж ми пријде Дон Керн, организарторот на маратонот и човекот што ја истрача полу-маратонската дистанца на настанот.”

„Беше неверојатно искуство да се трча на Јужниот Пол. Знаеш, можеме да трчаме „околу светот” само доколку трчаме околу оној железен столб онде, на најкраткиот периметар на земјината топка. Замисли колку е тоа неверојатно…”

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија