Трчај, ќе ти почни Фатмаѓул!

Во одличен обид што повеќе да се поттикне пошироката јавност масовно да искочи на скопскиот маратон и да ги поддржи сите натпреварувачи објавен е интересен конкурс за најдобар навивачки транспарент (натпис). Дополнително од Скопски ги замолија и твитерџиите да помогнат во раѓањето на некои свежи идеи за транспарент, а овие, ни две ни три упорно одговараат…

 

Позитивниот пристап и енергија преку ваквите мали и слатки детали не само од организаторите туку и уште поважно од заедницата се дефинитивно она што треба да се направи за една ваква манифестација да добие на шарм.

Идеи под хаштагот #маратонТранспарент се појавија кој од кој, па во продолжение, нашите фаворити, меѓу кои и насловот на оваа статија. Дополнително, повеќе за конкурсоте можете да се информирате ТУКА

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија