Тортелини на Еверест и многу трчање

Типчево, Симон Моро, минатата сабота со Ули Штек беше вмешан во ферката со Шерпасите на третиот камп на врвот на светот. Кој бил крив, ич не нè интересира, арно ама еве го Симон, пред експедицијата NO 2 Limits, каде кажува која е тајната да се има енергија, не само за качување на Еверест, туку и за расправање (тепање?) на такви услови.

Експедицијата NO 2 Limits која ја тераат Штек и Моро оваа година на Еверест е планирано да биде по некоја различна (досега не изодена) рута, и без кислород.

Во ова интервју, пред поаѓањето, Италјанецот открива некои работи за неговите дневни фитнес рутини и нутриционистички финеси кои му ја даваат енергијата за пентарење по високи планини.

Само како хинт: 140 км трчање на неделно ниво, многу тортелини и вруќа паста!