Успешно направено првото слободно искачување

Томи Калдвел и Кевин Јоргенсон се искачија на „Dawn Wall“

На 15 јануари 2015 година по 19 дена во стената, Aмериканците Томи Калдвел и Кевин Јоргенсон го направија историското прво слободно искачување на насоката „Dawn Wall” на Ел Капитан во долината Јосемити, САД. Скоро 1000 метри со цугови оценети и со 9а, тоа е можеби најтешката big-wall насока која досега е слободно качена.

Ова е круна на повеќегодишните напори не само на последните седум години поминати во истражување на вкупно 32-те цугови на најтешката big-wall насока за слободно качување. Деновиве на сите страни бевме опсипани со видео-снимките на Кевин и Томи кои директно ги објавуваа од самата стена, како и светските медиуми кои известуваа за овој несекојдневен потфат.

Томи Калдвел еден од најталентираните качувачи во САД и без сомнеж еден од најискусните во Јосемити од неговата генерација, уште во 2007 година замисли линија која ќе ги обедини познатите технички насоки „Mescalito” и „New Dawn” кои имаат сличен култен статус како и „Нос”-от. Околу 60% припаѓа на „Mescalito”, а другите цугови се од „New Dawn”, „Airdrift” или пак други варијанти откриени од страна на Томи Калдвел и Кевин Јоргенсон.

На оваа насока владеат огромни тешкотии: рамни вертикални плочи, џебови остри како брич, жлебови, пукнатини… Најголемиот дел од насоката е оценета со 8а, три клучни места со оцена 9а. Кога пред неколку години Колдвел запрашан да ги опише тешкотиите, тој рече дека тоа е „најтешкото нешто што сум го пробал” додавајќи „и над сè она што сум бил способен да го направам досега. Ова е застрашувачка задача, но во исто време и фасцинантна.”

Во почетокот на 2009 година Колдвел ги направи првите посериозни обиди, абзелувајќи одозгора за да ги открие тајните на насоката и често качуваше сам. Подоцна во сезоната беше запрашан од страна на Кевин Јоргенсон дали може да му се придружи во проектот, на што Томи се сложи. Познат по качувањето на тешки болдери и кратки насоки од не повеќе од 1 цуг, и никогаш не качувал big-wall, сепак на крајот, се покажа дораснат на предизвикот.

Обајцата поминаа многу сезони со обиди, барајќи нови секции, пробувајќи нови движења, психолошки да ги сфатат цуговите поради растојанието меѓу осигурувањата, планирање и подобрување на тактиката.., со над 120 дена вложени во проектот кое наскоро ќе биде познато и како искачување на столетието. Понекогаш Томи Калдвел и Кевин Јоргенсон добиваа помош од други качувачи, некогаш претрпеа повреди (Кевин го повреди глуждот а Томи ги повреди ребрата) но ви ниеден момент не помислија да го напуштат проектот.

  • „Имаме претстава до каде ни се границите. Но можеби не сум во право…” рече Колдвел. Обајцата се сконцентрираа да качуваат во ноември и декември, често ноќе, со светлината на челните лампи.

Секоја нова сезона стената си носеше нови предизвици. Томи и Кевин постојано известуваа за својот напредок преку социјалните мрежи на Интернет, и во ноември 2014 година Колдвел успеа по 6 години конечно да го помине слободно клучниот дел.

Ова значеше дека сите цугови беа качени во redpoint, и остануваше сите цугови да бидат качени по ред, почнувајќи долу од подножјето. Лесно е да се стори тоа, а наврската започна со тоа. По одморот на 27 декември 2014 година, Томи Калдвел и Кевин Јоргенсон тргнаа кон својот историски обид за прво слободно искачување на „Dawn Wall”.

Неколку дена целиот свет беше со вести на сите познати весници и телевизии. Сето тоа беше проследено и со голем број на новинарски грешки во терминологијата, кое навистина ги засмеа качувачите во САД и во светот.

Ова искачување ќе биде монументално и без сомнение има големо значење за многумина. Сега има нова слободна насока на Ел Кап, кој сака може да влезе и да ја качува слободно, а можеби еден ден и ќе ја качи уште подобро. По сè изгледа дека ова е најтешкото искачување, не мора да значи во целиот свет, но сигурно во целата долина Јосемити.

Откако во Томи и Кевин стигнаа на врвот, и се сретнаа с малата група на нивни пријатели, дури и самиот американски претседател Барак Обама, на Твитер објави честитки за ова огромно достигнување.

На следниов линк имате 3,4 гигапикселна фотографија од Ел Капитан која можете да ја зумирате „бескрајно“ и да ги истражувате насоките на Томи и Кевин.  

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија