Прва 5.14 на Дајмонд

Томи Колдвел и Џо Милс ја качија првата насока со оцена 5.14 на Дајмонд

Томи Колдвел (Tommy Caldwell) и Џо Милс (Joe Mills) направија слободно искачување на првата насока со тежина 5.14 на Дајмонд (Diamond) на врвот Лонгс (Longс Peak), најдобрата гранитна стена во високите планини во Колорадо.

Обајцата ја искачија слободно целата насока „Дан-Вестбеј“ („Dunn-Westbay“) која е инаку техничка линија во четири јажеви должини, втората 80 m-ска должина оценувајќи ја со 5.14а (8b+, X).

Смртно вертикалната стена на Дајмонд е висока околу 500 m, започнува на околу 3900 m н.в а врвот е висок 4346 m н.в.

Во 2011, Џош Вартон (Josh Wharton) направи слободно искачување на „Дан-Вестбеј“ и ја оцени со 5.14b (8c, X+), во значителна варијанта. Меѓутоа, Колдвел и Милс целеа да ја исправат линијата и слободно да ја качат целата, вистинска насока „Дан-Вестбеј“, која беше оценета со 5.10 (6а, VI+), првенствено искачена во 1972 од Џими Дан (Jimmy Dunn) и Били Вестбеј (Billy Westbay). Колдвел помина 4 дена на насоката минатово лето, но сметаше дека е премногу мокро за да напредува.

Оваа година Колдвел се врати на насоката и помина неколку дена пробувајќи ја со Џонатан Зигрист (Jonathan Siegrist). Пред исвесно време, тие ги прекинаа обидите за да помогнат во спасување на тешко повреден качувач под стената. По уште еден обид, Зигрист се откажа и поради други обврски, па Колдвел се наврза со Џо Милс, кој исто така веќе претходно правеше одиби за слободно искачување на директната линија.

На 21 август, Колдвел ги изводи сите четири цуга успешно и Милс сите должини ги качи слободно како втор.

  • „Ја имав визијата дека се обидувам да качувам од полица до полица (без висечки сидришта), и тоа значеше да се направи 80 m-ски цуг, кој стана чиста 8b+ (5.14, X)“ рече Колдвел. „Беше извонредно. Никогаш не сум очекувал нешто такво на Дајмонд.“

Четирите должини се оценети со 5.10+ (6a, VI+); 5.14a (8b+, X) 80 m; 5.13a (8a, IX) околу 68 m; и 5.12b (7b+, IX-). Обајцата качуваа директно до Зелениот Столб (Green Pillar) на првиот цуг, каде Вартон испречи од „Секојдневната Насока“ („Casual Route“). И таму каде Вартон се уптаил на лево во друг систем пукнатини во втората должина, Колдвел и Милс качија право нагоре. Колдевл изјави дека околу полвина насока се разликува од линијата која слободно ја искачил Вартон.

Колдвел рече дека „насоката е совршена за осигурување. Многу јако.“ Оригиналниот клучен дел за техничко качување не бил осигуран (опремен), но бил „слободно качување со тежина од V-, и само слободно го солираш”, додаде Колдвел, авторот на „Медениот месец заврши” („Honeymoon is over“) од 2001 година, првата насока со тежина 5.13 (8а, IX) на Дајмонд.

Извор

Видео снимка на еден од обидите на Томи Колдвел: