Титкаш ли? веќе поставен на Рилските езера

По примерот на светските ски-центри, Бугарија во еден од своите планинарски домови веќе воведе систем за проверка на својот лавински примо-предавник т.н. трекер. 

Сè поголемата заинтересираност на популацијата на планински љубители и уживатели да се впуштаат по необележани и неиспитани терени надвор од скијачките центри, самото од себе има формирано еден цел безбедносен систем на алатки, знаења, методи и принципи кои треба да се почитуваат со цел да се зголеми безбедноста во планина. 

Една од тие алатки е и лавинскиот примо-предавник кој е дел од задолжителната опрема наречена и „лавинска тројка” – лопата, сонда, лавински примопредавник (трекер). Функцијата на овој трекер е олеснување на барањето на евентуално затрупано лице во лавина од страна на другите од екипата под услов лицето да има трекер (кој функционира во предавателски режим), но и екипата да има најмалку еден ваков апарт со кој секако, треба да знае да ракува. 


Сигурно ќе ве интересира – ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕШ ЗА ЛАВИНИТЕ


Употребата на оваа опрема во голема мера се покажала дека го зголемуваат степенот на безбедност на лицата многукратно, бидејќи истиот метод на пребарување на затрупаното лице е лесен и брз за употреба, повторно ќе напоменеме, доколку лицата кои бараат се соодветно обучени и истренирани за оваа работа.

Бугарската асоцијација за ски екстремен и слободен стил (БАССЕС) од оваа година во планинарскиот дом Рилски езера веќе воведе еден систем кој ја олеснува проверката на овие апарати пред излегувањето во природа. 

По правило, потребно е секој од лицата пред одење на било каква акција надвор од сигурноста на ски-центарот, прво – да има ваков апарат, истиот да биде ставен во опција на “трансмитирање” и апаратот да има доволно наполнети батерии. 

Системот Are you beeping? е поставен на излезот на планинарскиот дом и истиот обезбедува брза проверка за тоа дали вашиот уред е поставен во правилниот режим на работа – нешто што и онака е потребно да се направи пред да се тргне. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија