Терапијата со помош на животни претставува метода на лекување кај многу пациенти со позитивно добиени резултати базирани на докази.

Какво е дејството од терапијата со помош на животни?

Animal Assisted Interventions (AAI) вклучува секоја интервенција во која се вклучени животните или амелиоративен процес или милиеу (Kruger & Serpell, 2006). Терапијата со помош на животни не претставува само чување на домашни животни.

Целите на едукацијата за терапијата со помош на животните се ориентирани, планирани и структурни интервенции директирани од страна на образовни професионални служби. Едукацијата за терапија со помош на животните се врши од страна на квалификуван (со степен) дефектолог, општи доктор, физиотерапевт и други. Сите членови на овој едукационен систем морат да имат знаење за животните кои ќе бидат вклучени. Фокусот е кон академски цели, просоцијални вештини и когнитивно функционирање.
Активности на терапијата со животни во главно се социјални посети, кои вклучуваат цели и насочени активности наменети за подобрување на квалитетот на пациентот преку животното. Едукацијата овозможува можности за мотивација, рекреација и слично.

Терапијата со помош на животни е доста познат метод на лекување во рехабилитацијата на многу болести и состојби, но се уште не е доволно применета во нашата средина. Целта на оваа терапија е да се подобри комуникацијата, да се подигне самодовербата, да се намалат симтомите на болестите и да се подобри квалитетот на животот. Куче, мачка, коњ и птици најчесто се користат во оваа терапија. Животните може да бидат присутни до пациентот на кратко, или на долго време кадешто самите пациенти се грижат за нив (како дел од терапијата).
Терапијата со животни е користена кај третман на психијатриски пациенти кои страдаат од депресија, шизофренија, фобии (дискутабилно) и болести на зависност. Осаменоста е полесна да се издржи во друштво на животни.

Оваа терапија исто така се аплицира кај кардиоваскуларни заболувања, деменции, Алцхајмерова деменција, церебрална парализа, ревматоиден артритис, сида и многу други болести. Истражувањата покажале побрза редукција на симптомите на многу болести кога се вклучени животните во терапевтскиот процес.

Интеракции помеѓу луѓето и животните:
– Спроведувајќи време со пријателски насторено животно може да го зголеми ендорфинот и намалување на нивото на кортизол (хормон кој го контролира стресот, возбудата);
– Домашните животни реагираат на човековото однесување и емоции, рефлектирајќи со позитивни или негативни емоции;
– Концентрациите на ß-ендорфинот, окситоцинот, пролактинот, ß-фенилетиламинот и допаминот значително се зголемуваат кај луѓето кога се во контакт со одредени видови на животни.

Старите грци документирале хипотерапија (терапија со коњ) во 600 век п.н.е за да се возвиши непоправливиот дух на пациентите. Од 17 век постојат медицински текстови каде наведуваат дека јавањето на коњ е корисно за гихт, невролошки и емоционални проблеми.

”York Retreat” – Англија, основана од страна на Quakers во 1796 година била ”тивок рај” за 30 станари кои биле третирани од бихејвиорални проблеми низ нега и интеракција со помали животни (зајаци, пилиња).

Се употребуваат разни видови на животни како што се: кучиња, мачки, птици, коњи, делфини, зајаци, гуштери и други мали животни. Кучињата се најчесто користените животни поради нивниот тренинг и вештините за социјализација. Пациентите и животните кои учествуваат во овие програми, потребно е да се обрати внимание на негата за да се избегне преносот на заразни заболувања поврзани со домашните миленици, хиперсензитивност (алергии) или несреќи за време на нивните посети.
Во некои болници во Онтарио се спроведуваат посети со кучиња за пациентите кои страдаат од хронични болести, вклучувајќи го и медицинскиот персонал при посетата, сопственикот на животното и ветеринари (Lefebvre, 2006). Сопствениците на кучињата треба да се запознаени со правилата на болницата, со кои се бара задолжителна документација во однос на вакцинацијата, контролата на однесувањето и темпераментот на животното.

Мачките многу често се користат во терапевтски цели, како и птиците. Некои автори откриле дека при група на состаноци одржани во болничките соби кадешто имало птица во кафез, пациентите имале зголемено трпение, се повеќе биле вклучени во активности за разлика од пациентите кои немале птица во кафез во болничката соба (Baker, 1998). Некои автори опишувајќи го користењето на играчка – животно добиле задоволителни резултати (Lefebvre, 2006).

Хипотерапијата, односно терапијата со коњ, за првпат официјално во медицината се појавила во Италија во 70тите години на 20тиот век. Во 1982 година се вовел терминот ”ippotherapia”, ”equestre reducazione” (реедукација преку јавање), како и ”пречки во спортот” кои се користеле во Меѓународната Конвенција за терапевтско јавање на коњи. Се смета дека за време на јавањето, пациентот искуствува специфична интеракција со животното со која го дели односот и просторот. Штом комуникацијата е воспоставена, резултира со задоволство и мотивација, која, пак, ублажува патологии. Во терапијата со коњи се набљудувани ефектите на невромускулниот систем на пациентот предизвикан од механичкото влијание на коњот при одење.

Спефицично е тоа што пациентот добива имплуси од одењето на коњот, кое води до релаксирана перцепција на телото, рамнотежа и координација на движењето. Ова е од особена важност при моторните недостатоци предизвикани од наследни лезии, како што е церебралната парализа кај децата. Самиот процес на ставањето на детето на коњот и мали забрзувања во движењето на коњот, прави подобра координација на рацете и рамената, се изострува перцепцијата на телото кое води до зајакнување на независноста и решителноста. Сето ова доведува до подобра комуникација во семејството, како и подобрување на вештините за тимска работа и квалитетот на животот (Yeh, 2005).

Подготвил: Денис Арсовски.