Свежи вести од Пиера Мента – најголемата трка во ски алпинизам
Деновиве се случува најголемата трка во ски алпинизам – Пиера Мента која што започна во Ареш, Франција. Трката трае 4 дена со нови и тешки стази.
Како што велат овде, вкупно се поминуваат околу 10 000 метри разлика без ДДВ!
Вчера први завршија Килиан Жорнет и Матео Жакмуд (Kilian Jornet и Mateo Jacquemoud). Тие се и фаворитните победници за оваа година, но сепак крајниот резултат ќе се знае по 4 дена.
Први во женска конкуренција се Летиција Роу и Аксел Моларет (Laetitia Roux и Axelle Molaret).
Во прилог е слика од Матео на една од контролните точки кота 2000.
И уште неколку фотографии од минатите изданија на Пиера Мента