Светското за кое што скоро никој не знаеше

На само неколку дена пред почетокот на светското во Бразил оваа година во Шведска се одигра друго светско во фудбал на кое што победи една држава која последен пат постоеше пред 150 години. 

Во Остерсунд, Шведска, неколку дена пред отварањето на Бразил 2014 беше одржано светскотот фудбалско првенство на малите, малку познати или одамна веќе исчезнати држави. Турнирот беше во организација на КОНИФА, Конфедерација на Самостојни Фудбалски Асоцијации која што не спаѓа под светски етаблираната ФИФА односно е дел од нон-ФИФА меѓународниот фудбал.

Остерунд, градот домаќин на ова светско иако спаѓа во територијата на Шведска, неговата популација, народот Сами (номадски народ на одгледувачи на ирваси) го сметаат за главен град на Сапми (Sápmi), попозната како Лапонија. 

Покрај Лапонија на турнирот учествуваа уште 11 вакви исчезнати, неоформени, или малку познати држави (региони) како Абказија и Јужна Осетија кои се сепаратистички територии во Грузија, Нагорно-Карабах се уште неразрешената точка во Арезбејџан, Занзибар биле поканети ама не можеле да се појават па ги замениле Државата Ница, Дарфур од јужен Судан, Курдистан, Тамил Еелам и уште неколку кои не ни знаевме како да ги напишеме.

Турнирот не се играше за парични награди туку чисто за чест и достоинство на регионите и државите кои настапуваат. Победници биле Ница во финалето со Елан Ванин.

Извор

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија