Светски параглајдинг куп во Крушево

Овој викенд на една од најдобрите европски и светски локации за параглајдинг, нашиот највисоко поставен град Крушево ќе се одржи последната фаза од светскиот куп во параглајдерство каде што ќе земат учество едни од најзвучните имиња на овој спорт.

Светскиот Куп во Параглајдерство (или скратено PWC) е натпревар во Cross country за пилоти на параглајдери, кој што е организиран од страна на PWCA (Paragliding world cup association). Секоја година PWC посетува 5-6 различни локации низ целиот свет. На секој настан се летаат повеќе трки-таскови за да се добие севкупен победник.

 

Овој натпревар ќе биде последната фаза од овогодинешната тура на PWC 2014 во Европа а ќе се одржи во Македонија – во едно од најдобрите места за летање во светот – градот Крушево.

Целта на секоја такмичарска трка е да се излета претходно дефиниран курс со старт, неколку обртни точки (обично 4-6) и финиш односно целта на трката. Поедноставено, победник е најбрзиот пилот низ таа рута, или пилотот кој стигнал најдалеку, ако никој не ја заврши трката, односно не ја излета целата рута.

Пилотите носат ГПС рисивери за да го регистрираат траклогот на нивниот лет кој што е подоцна користен за да се верификува дека коректно ја излетале трката и за да се одреди табелата.

Во 2012 веќе беше одржан еден Светски Куп во параглајдерство. Уникатните временски услови, планинските гребени и широките долини овозможуваат да се постават предизвикувачки и долги таскови на трката, а популарноста на Крушево како место за натпревари во параглајдерство расте од година во година, а досегашни натпревари од светски ранг кои биле одржани во овој град се:

Eureopean Cup Accuracy Landing 2006
World Cup Accuracy Landing 2007
Nordic Open (државно на Финска, Шведска и Норвешка) 2008
World Cup Accuracy Landing 2008
PreWorld Cup Ukraina&Macedonia Open 2009
PreWorld Cup Ukraina Open 2010
PreWorld Cup Ukraina Open 2011
Slovenian&Croatian Open 2011
Czech Open 2012
Ukrainian&Polish Open 2012
Paragliding World Cup Macedonia 2012
Ukrainian&Russan Open 2013

Целта на организаторите Горан Димишковски, Мартин Јованоски и Алек Пејоски кои воедно имаат организирано и бројни други првенства во Македонија е во иднина да го зголемат бројот на натпревари кои би се одржале во Крушево, но во исто време и да го
подигнат нивото и квалитетот на самите натпреварувања. Меѓу планираните натпревари од светски ранг кои ќе се одржаат во Крушево се: Pre-European Championship 2015 и European Championship 2016

Главни места на полетување :

„Источен Старт – Мечкин Камен“

На надморска висина од 1420м со поглед исток-североисток кон долината Пелагонија. Се наоѓа на неколку минути од градот Крушево и асфалтен пат оди до самиот старт. Кога ќе го земете параглајдерот од кола тој е веќе на местото каде што треба да биде отворен. Мрзливите пилоти би го сакале овој старт.

Тој има ниска трева и е на нагиб кој што е опкружен од големи дрва од јужната страна, кои што нудат дебели сенки во сончевите денови. Дежурните термики се на левата и десната страна од стартот. Понекогаш и право напред. Стартот нуди секаков вид на Cross-country летови. Вообичаени летови се до градот Прилеп на исток и назад, сите видови на триаголници и правци низ долината или на планините или долги летови на југ се до границата со Грција. Патната инфраструктура е префектна, и овозможува брзо враќање во градот.

„Западен Старт – Мечкин Камен“

(1440m ASL) со правец запад-југозапад се наоѓа на 500м од „Источниот Старт“, исто така пристапноста со коли е возможна. Истите Cross-country трки можат да се летаат и од овој старт. Местата за слетување под овој старт се малку помали од оние во долината каде местата се многу големи и се вообичаено со трева. Овој старт се користи за почетници
така да слетувањето и користењето од страна на натпреварувачите е лесно.

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА НАСТАНОТ МОЖЕТЕ ДА НАЈДЕТЕ ТУКА

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија