Светски, а и наш – Ден на планината

На 14.12.2014 од страна на Федерацијата на планински спортови на Македонија традиционално беше организирано одбележување на светскиот ден на планината. Видео запис од планинарската тура Водно-Матка заедно со манифестацијата која се одржа на Матка. 

Во одлична организација на ФПСМ овој месец традиционално беше одбележан Светскиот ден на планината. Турата која е секогаш резервирана за овој датум е убавата и пријатна маршута Водно-Матка која нашата планинарска група ја помина во максимално уживање и искористување на убавото време. 

Манифестацијата ја посетија македонски планинари од сите планинарски друштва.