Свесно одење

Свесното одење е динамичка медитација чиј автор е духовниот учител Моханџи. Овој тип на медитација е идеален за оние луѓе на кои не им одговараат долги седечки медитации во мирна положба.

На многумина им се случува кога ќе седнат во медитација да почнат да чувствуваат напнатост, досада и деконцентрираност бидејќи умот тешко се смирува. Кај динамичката медитација пак, лесно се развива јаснотија и снага на умот низ насочено внимание на дишењето, движењето и ‘рбетниот столб. 

Постојат мерења според кои е откриен дека аурата или енергетското поле околу телото во облик на сфера има минимален радиус од 30 см. Кога нашиот фокус е надвор од таа сфера, енергијата се растура, што прави да се чувствуваме послаби. Но кога нашиот фокус е во таа сфера, енергијата циркулира во нашето енергетско поле што не прави поснажни и ни го штити и јакне имунитетот.

Така, главна идеја на која се темели Свесното одење е ротирање и циркулација на нашата енергија внатре во сопствената аура која јакне со оваа техника. Моханџи вели, дека 30 минути Свесно одење можат да имаат ефект како 3 саати седечка медитација.

Придобивки од оваа медитација се подобрена рамнотежа, зголемена енергија и виталност, намалување на анкциозноста, зголемување на самодовербата, зголемена себе-контрола, намалување на емотивни блокади, зголемена јаснотија на умот и зголемен имунитет од негативности.

Свесното одење се одржува бесплатно секоја Недела во 9 часот во Градскиот парк со почеток од пред Луна паркот, а трае 30 минути. Сите кои се заинтересирани да ја научат оваа техника на медитација можат да се приклучат во Градскиот парк или да побараат повеќе упатства на оваа мејл адреса.