Супер боул низ фото (галерија)

Балтимор Рејвенс се победници  со 34:31 на овогодишниот Супер боул кој се одржа во Ну Орлеанс, Луизијана. Иако 49-ките на Сан Франциско се сметаа за фаворит, не успеаа да издвојат победа над Рејвенс.

Интересно за овој Супер боул е што тренерите на противничките тимови се браќа, односно Џим е тренер на 49-ките додека Џон Харбауг е тренер на Рејвенс. За да биде финалето комплетно и уште поинтересно, гледачите ја имаа таа чест на полувремето да ги забавува Бијонси.