Супер атмосфера и посетеност на третото издание на Струмина Треил во Штип

Со учество на 110 натпреварувачи, доминантно домашни но и странски поединци, и во одличен есенски амбиент се одржа третото издание на трката во планинско трчање Струмина Треил која се одржува во околината на Штип. 

Струмина Треил претставува трка во планинскот трчање од отворен карактер која се одржува веќе трета година за ред во градот Штип и неговите околни ридови. Должината на патеката е 18 километри во кои се совладува висинска разлика од 800 метри а истата е во организација на македонското здружение за планинско трчање и спортови во природа ТРЕКС

Оваа година на настанот беа срушени повеќе рекорди, почнувајќи од бројот на луѓе присутни на настанот, и бројот на натпреварувачи, до временските рекорди на стазата во машка и женска конкуренција. 

Стартуваа вкупно 107 натпреварувачи, и исто толкав број ја завршија трката, а најбрзи на стазата беа Мери Мирческа и Александар Стојкоски од Прилеп кои и двајцата поставија нови најдобри времиња на стазата. 

Второ место во женска конкуренција припрадна на Одри Вурхес од САД, а трета беше Елена Џекова. Кај мажите втор беше Дејан Тодевски а трет Александар Кирковски. 

Третото издание на Струмина Треил само потврди дека планинското трчање и спортовите во природа се во вистински позитивен подем во Македонија. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија