Струмина Треил 2016 – последен ден за пријавување

На 20.11. 2016, поточно наредниот викенд во организација на TREX Македонија е закажано третото издание на трката Струмина Треил кое ќе се одржи во околината на Штип. Пријавувањето трае до 11.11.2016, па ги повикуваме сите заинтересирани да го најават своето учество. 

Оваа година како и минатите, трката ќе биде во должина од 18 километри со висинска разлика од 750м Д+, а истата ќе минува низ околните штипски ридови, повеќе локални чешми кои во минатото биле од важно значење за градот, а ќе има една освежителна станица во селото Липов Дол на 9-ти километар од трката. 

Стартот е закажан на 20.11. во 10 часот од медицинското училиште Јане Сандански, а трката е од отворен карактер и е погодна за сите љубители на трчањето, особено за оние кои сакаат да се запознаат со трчањето во природа и на планина. 

Покрај стандардната трка, оваа година за прв пат ќе се одржи и детска трка на 5 километри на која може да учествуваат сите заинтересирани млади. 

Пријавите траат до 11.11.2016 на овој линк, а стартнината изнесува 100 денари. 

Нешто повеќе околу минатите изданија на трката може да погледнете тука 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија