Стипендии за ученици – спортисти

Конкурс за доделување 150 стипендии за талентирани ученици – спортисти од страна на Министерството за образование и наука на Република Македонија.

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Македонија. 

Учениците кои се пријавуваат по конкурсот, треба да ја пополнат електронска пријава поставена на интернет порталот stipendii.mon.gov.mk, почнувајќи од 08.11.2012 година до 22.11.2012 година.

Ранг листата со избраните кандидати ќе бидe објавенa на 24.12.2012 година на интернет порталот stipendii.mon.gov.mk.

Висината на стипендијата ќе изнесува 2.200,00 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година.

Документите на кандидатите кои се некомплетни, ненавремено доставени и не се идентични со податоците кои се внесени во електронската пријава, нема да бидат разгледувани.

Детални информации и потребни документи се на следниов линк: СТИПЕНДИИ!

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија