Бидете тренди и на велосипед

Стилско возење и на невреме

За сите оние за кои велоспиедизмот не е само спорт туку е и начин на живот, постои нова облека која е модерна, тренди и која се разбира е наменета за сите временски услови а особено за дожд.

 

Кембриџ мантилите за дожд се изум на младата британка Сали Гајер, која решила да дијзанира сопствена линија на мантили откако увидела дека во ниедна продавница во Велика Британија не можела да најде модерен мантил со светли бои кој можеш да го носиш дури и одкога со твојот велосипед ќе стигнеш на планираната дестинација.
“Cambridge raincoats” се еден вид комбинација на модерно и практично а ги има во сите светли бои. Лесни се, водоотпорни, отпорни на ветар и лесно се перат а во исто време изгледаат толку нормално што дури можете да ги носите и во нормални временски услови кога не врне.

Дизајнерката вели дека ја имала идејата за дизајнирање на модерен мантил за дожд речиси пет години, но најтешкиот дел за реализација било финансирањето на идејата. Сепак, сега вели дека се исплатело чекањето затоа што мантилите се продаваат во голем број и веќе се омиленото парче облека на секој млад модерен човек.
Инаку, мантилите имаат одлични перформанси кои го задоволуваат и најпрефинетиот вкус, доволно се долги за да не ви се изводенат колената, но не премногу за да не се случи материјалот да се фати на задното трклао, ракавите не се многу тесни за да се овозможи нормално движење на рацете, струкирани се, со модерни копчиња и со колан на задниот дел.
За сега, “Cambridge raincoats” имаат претставништа само во Велика Британија, но уживаат голема популарност и надвор од кралството, особено кај жените во Америка кои ги порачуваат мантилите преку интернет. Најевтиниониот мантил чини 175 фунти.