Првиот женски ракометен натпревар на песок

На ден 30.08.2013 година, се отвори првиот турнир во ракомет на песок во женска категорија. Тимот на К4Т.МК успеа да ви го долови моментот со еден натпревар каде победа со 4:3 на пенали издвои тимот на Рексона кои што како сопернички ги имаа девојките од тимот на Роса. 

Ракометниот клуб „Работнички” и Ракометната федерација на Македонија во соработка со Град Скопје го организира првиот женско ракометен турнир на песок во Македонија.

Учество ќе земат 6 младински екипи, а финалето ќе се одржи во недела, 01.09.2013 на Градската плажа „Парк” од 18.00 до 23.30 часот.

Во организација на Град Скопје и во соработка со Ракометниот клуб „Работнички“ и Ракометната федерација на Македонија, од денеска до недела ќе се одржи првиот турнир во ракомет на песок во Македонија во женска конкуренција. Натпреварите ќе се играат на ракометното игралиште на песок на Градската плажа „Парк“ во термините од 18 часот до 23.30 часот.

Ракометниот клуб ”Работнички” по повод 65-одишниот јубилеј организира низа спортски манифестации под покровителство на Град Скопје.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија