Зошто стануваме подебели откако ќе почнеме со вежбање!?

Затоа што мислиме дека трошиме многу, па потоа сметаме дека треба да се почастиме со нешто „мрсничко“, затоа се случува ова!

Според анкета која ги опфатила навиките на вежбање и хранење на 1000 луѓе, најподложни на овој парадокс, се новите, тазе вежбачи и луѓе кои одат во теретана да слабеат. 

Студијата покажала дека 39 проценти од луѓето едвај трошат 300 калории за време на една посета што ги прави многу полесно подложни на дебелеење особено затоа што многу од нив одлучуваат по вежбањето да се почастат со високо-калоричен оброк или ужинка. 

26 проценти од луѓето кои почнале да вежбаат, всушност накачиле тежина, на други пак 49 не се променила тежината, а 27 проценти од нив изгубиле некое кило. 

Најинтересната бројка која можеби открива каде лежи проблемот, е тоа што 42 посто од оние кои почнале редовно да вежбаат се чувствувале убедени дека имаат право да избегнуваат од препорачаната здрава шема на исхрана.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија