Наслов

Срушен е европскиот рекорд во маратон

На 03.12.2017 година во Фукуока Јапонија, Норвежанецот Сондре Нордстад Моен го сруши Европскиот рекорд во маратон.

Норвежанецот Сондре Нордстад Моен е новиот владетел на Европскиот рекорд во маратон. Тој на маратонот во Фукуока јапонија истрча време од 02 часа 05 минути и 48 секунди со што стана најбрзиот европски маратонец на сите времиња и прв атлетичар надвор од Африка кој истрчал време под 02 часа и 06 минути.

Со овој резултат 26 годишниот Моен го подобри своето најдобро постигнување во оваа дисциплина за цели 5 минути откако годинава истрча 02:10:07 на маратонот во Хановер. По трката Моен изјавил дека чуствувал потенцијал за време од 02:07 но во никој случај не се надевал на ваков резултат.

Во првата половина од трката Моен истрча 21км за 63:19 а во вториот дел беше побрз за речиси една минута, 62:29. Подиумот во Фукуока го комплетираа Стефан Кипротич од Уганда со време 02:07:10 и Јапонецот Сугуру Осако со време 02:07:19.

Моен е поранешен Европски првак на 10.000м за возраст под 23 години и Норвешки рекорд во полумаратон со време 59:48.

05 Декември 2017

За авторот