Paragliding accuracy world cup – Wasserkuppe, Germany

Сребро за Јованоски на светски куп во прецизно параглајдинг слетување

Изминатиов викенд 26-27.09 во Германија, Васеркупе се одржа четвртиот Светски Куп во прецизно слетување во кој зедоа учество македонските репрезентативци Борјан и Мартин Јованоски.

Иако условите не беа најидеални овој пат Борјан Јованоски од Параглајдинг Клуб ,,ДЕЛТА” – Прилеп кој беше и најмлад натпреварувач го освои СРЕБРОТО (2место) со 15 негативни поени, а неговиот брат беше малку послабо рангиран во конкуренција од 60 натпреварувачи од 11 различни земји. Првото место му припадна на Матијаж Ферариќ (Словенија) со 8 негативни поени, кој се наоѓа на 3то место на Светската ранг листа.Третото место му припадна на Драган Попов (Србија) со 26 негативни поени, кој е на 10то место на Светската ранг листа.

Тимот на Мартин и Борјан го освои 2то место во екипна конкуренција. Покрај одличните резултати од предходното првенство во Бугарија, ова е уште еден доказ дека Македонија и Прилеп можат да се пофалат со квалитетни спортисти, спортисти – амбасадори на Македонија во Светот, со кој Македонија треба да се гордее и во кој треба да вложува се повеќе и повеќе, кои имаат Светски резултати, спортисти кои котираат високо на Светската ранг листа – FAI.

Поради самофинансирањето, и трошоците, од вкупно 6 Светски купови оваа година (Филипини, Малезија, Србија, Германија, Кина, Бугарија) ќе земат учество само на два Светски купа на овој кој веќе се одржа во Германија, и на оној кој ќе се одржи во Буарија, со надеж за освојување на златото. Ако не за оваа тогаш за наредната сезона треба да бидат на потег и институциите во државата кој треба да излезат во пресрет на веќе видливи резултати, бидејќи спортистите се она со што треба да се гордееме, тие се лицето на Македонија….

„Многу сум среќен што сум на пиедестал на Светски куп поточно што го освоив 2то место, особено на Светски куп кој имаше најголема и најквалитетна конкуренција, се натпреваруваа пилоти кои досега биле Светски и Европски прваци, овој Светски куп беше од толку висок ранг како и финалето на лигата на шампиони во фудбал. Ветувам дека со уште повеќе припреми и со мала финансиска помош наредниот Светски куп или наредната сезона ако присуствувам на сите Светски купови ќе го освојам златото на севкупниот ранкинг од Светските купови.” – вели Борјан Јованоски

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија