Спортските настани по повод празникот на општина Ѓорче Петров

По повод празникот на Општина Ѓорче Петров “20 сепрември” се одржаа спортските настани “Турнир во шах 2013″, кој се одржа во У.З. Даме Груев, во кругот на основното училиште ”Мирче Ацев” за прв пат годинава се одржа тениски турнир “Ѓорче Петров ОПЕН 2013”, беше отворена Општинската лига во училишен спорт во голем фудбал, се одржа традиционалната крос трка, а Коњичкиот клуб “Тристар” од Ѓорче Петров за прв пат годинава одржа свое претставување.

Шаховски турнир

На турнирот учество земаа вкупно 40 шахисти. Натпреварите се одржуваа во екипна конкуренција по бод систем, каде секоја екипа беше составена од  4 натпреварувачи и 1 резерва.

На турнирот третото место го освои екипата на Урбана заедница  “Хром“ со 10 бодови, второ место го освои екипата на “Шаховски Пријатели“  со 21 бод, додека прво место го освое екипата од О.У. “Димитер Поп ГеоргиевБеровски” со 22 бодови.

Тениски турнир

На тенискиот центар„ Ѓорче Петров“ кој се наоѓа во кругот на основното училиште ”Мирче Ацев“ за прв пат годинава се одржа тениски турнир “Ѓорче Петров ОПЕН 2013“ во кој учество зедоа 20 натпреварувачи. Во првата фаза натпреварувачите беа поделени во две групи, а веќе во завршната фаза натпреварите се одвиваа по систем на директна елиминација.

Победник во финалниот меч беше Петар Јоксимовиќ. Во возбудлив и интересен меч го порази противникот Виктор Ставревски со резултат 3-6; 6-2; 7-5. Третото место го освои Еско Дациќ со победа над Бобан Таневски со резултат 6-2; 6-4.

Општината Ѓорче Петров ја пружи сета потребна поддршка во текот на реализацијата на натпреварите. Претставниците од општината г-дин Бошко Стојанов, г-дин Лука Поповски и директорот на О.О.У. Мирче Ацев, г-дин. Гоце Боцевски, со своето присуство и доделување на пехарите на најуспешните, само ја потврдија посветеноста и подготвеноста на раководството на општината за активна поддршка на спортските активности.

Младите тениски надежи со отворањето на тениската школа во општината имаат можност интензивно да ги развиваат своите вештини и способности токму на овие тениски игралишта опремени со најсовремена и најнова опрема.

Училишен фудбал

Полните трибини на стадионот на „Македонија Ѓорче Петров“ и  250  ученици од општината докажаа како се негува традицијата и се расте во спортска општина.

Градоначаникот Сокол Митровски пред почетокот на првите натпревари им подари комплет дресови и сетови со топки за одбојка, кошарка, мал и голем фудбал. Во своето излагање првиот татко на општината кој е голем поддржувач на спортот, истакна дека трендот за изградба на нови спортски борилишта во општината и понатаму ќе продолжи со истиот интензитет.

Практикувањето на спортот како игра, поттикнува  натпреварувачки дух кај децата. На теренот успешно се надоградува дружењето, забавата, радост за победа како и прифаќање на пораз. Тоа ќе биде мотив за понатамошно усовршување на колективниот дух и чувство на фер плеј како еден од основните принципи на животот во заедницата.

Масовноста како една од главните цели на училишниот спорт е отргнување на децата од пороците и стекнување навики за редовна физичка активност. Да не ги заборавиме и родителите кои се дел од нашите активности започнувајќи од нивното присуство на трибините и нивната безрезервна поддршка.

Крос Трка

Над 100 ученици од основните училишта продефилираа низ улиците на општината. Младите тркачи облечени во препознатливи маички со симболот на општината и така основците го означија почетокот на традиционалната крос трка која започна од Основното училиште “Мирче Ацев”. Во реонскиот дел од паркот каде беше целта на крос трката, младите се закитија со медали кој им ги додели Градоначалникот Сокол Митровски.

Првото место и златниот медал го понесе ученикот Хасан Махмети од О.О.У “Страшо Пинџур”, сребрениот медал за освоено второ место го зеде Стефан Бисков од О.О.У. “Ѓорче Петров” и бронзениот медал за освоено трето место му припадна на ученикот Бојан Тодоровски од О.О.У “Тихомир Милошевски”.

Јавање коњи

Коњичкиот клуб „Тристар“ од Ѓорче Петров за прв пат годинава одржа свое претставување пред ѓорчепетровци. Неколку полнорасни коњи продефилираа во посебно подготвениот простор во реонскиот пар. Јавачите и коњите пред многубројната публика ги покажаа своите вештини во јавање, прескокнување на прешки и дресура. Под надзор на дрезерите и граѓаните имаа можност да ги јаваат коњите и со тоа да бидат дел од празнувањето.

Децата беа најзаинтересирани и со задоволство ги јаваа коњите. Коњикиот клуб “Тристар- Ѓорче Петров” и успешно работи повеќе од 15 години. Денес над 50 членови редовно ги посетуваат тренинзите и се натпреваруваат на домашни и странски натпревари каде што освоиjа безброј награди. Овој настан од годинава ќе влезе во календар на општинските настани а по предлог на градоначалникот Сокол Митровски од година се планира да прерасне во меѓународно дефиле.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија