Спортски Игри по повод Меѓународен ден на лицата со пречки во равојот

Во спортската сала на СОУ Коле Нехтенин-Штип во организација на Дневниот центар и Спортската организација – Партизан 2012 се одржа вторите СПОРТСКИ ИГРИ 2015 по повод одбележување на 3ти Декември „Меѓународен ден на лицата со пречки во равојот”.

На спортските игри активно учество имаа учениците од ДСУ Искра, учениците од посебните паралелки при ООУ Ванчо Прќе и корисниците од Дневниот центар за деца со телесна или интелектуална попреченост и Дневниот центар за деца со Аутизам. Спортистите се натпреваруваа во неколку спортски дисциплини: фудбал, кошарка, атлетика, пинг-понг, пикадо, влечење на јаже.

Организаторите изразија голема благодарност до Локална самоуправа на Општина Штип, СОУ Коле Нехтенин, ЈЗУ Здравствен дом „д-р Панче Караѓозов„-Штип, АД Макпромет, Хотел Изгрев, како и до медиумите и сите пријатели и поддржувачи на Днениот центар.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија