спортот како дел од кампањата за борба против ракот на дојката

Спортот оди на розoво

Октомври е месец на кампања со цел подигнување на свеста кај луѓето за опасноста од ракот на дојката. За таа цел светските производители на спортска опрема како што се North Face, Reebok, Oakly, Asics, Nike се вклучија во кампањата и ги обоија своите производи во розево. Од фудбалски ракавици до чорапи, очила за сонце и патики, розевата панделка е насекаде. Со секое купување на овие производи се донира дел од продажбата за превенција, дијагноза, третман и набавка на лекови за лекување на ракот на дојката.

Nike уште во август ги промовираше своите розови Hyperdunk -Breast Cancer патики кои го имаат препознатливото лого на кампањата за борба против ракот на дојка – панделката која е поставена на врвот на јазикот на патиката. Патикитe се кошаркарски и ги имаат истите перформанси карактеристични за Hyperdunk патиките на Nike. Издржливи се благодарение на комбинацијата од Flywire технологијата на Nike, создадена уште во 2008 година со цел да се амортизира тежината а направена од лесен но цврст материјал и кошаркарскиот специфичен Lunarnon амортизирачки систем. Патиката е дизајнирана така што дозволува кожата да “дише”, што значи, ги задоволува потребите на елитните кошаркарски играчи во цел свет.

Кампањата “Мисли розово” ја поддржаа и во Asics. Во знакот на панделката и розовата боја, компанијата ја лансираше специјалната линија патики за трчање GT-1000 PR. Патиките се карактеризираат со двојна густина, стабилни се, со спуштено перниче кое обезбедува поголема удобност.

И Reebok се приклучи на кампањата за зголемување на свесноста дека ракот на дојката е опасна болест која се шири брзо. Ги произведе Reebok PINK Mayhem фудбалските ракавици кои содржат ликра, лесна мрежа која го зголемува протокот на воздух и и дозволува на кожата да дише. Ракавиците си издржливи и отпорни на сите временски услови бидејќи се направени со гриптонит материјал кој овозможува ракавицата да остане сува дури и кога е мокро.
 

North face пак во знакот на розевата кампања ја произведе Pink ribbon denali јакната, која обезбедува удобност и топлина на ладно време. Јакната е направена од материјал отпорен на абразија кој се преклопува на рамениците, градите и лактите и ја зголемува издржливоста во зимски услови. Јакната е направена од Polartec материјал.