Кои „специјалитети“ ќе се тестираат викендов на Водно

Ни претстои многу специјален викенд. Откако го добивме Specialized Elite Store пред околу месец дена, еве ги пак со традиционалниот, четврти по ред, Test The Best. Ретко кој ни дава можност вистински да ги пробаме и тестираме ваквите машини онаму каде што им е местото, не само кругче пред продавница. Да не должиме многу и кратко да ви најавиме што имаме на менито за во сабота и недела.

MOUNTAIN BIKE

Повеќекратниот крос кантри светски шампион и првиот full suspension со златен олимписки медал. Докажана 29 геометрија, 100 мм FSR и Brain суспензија што го чита теренот. За сите што брзината и тежината им се приоритет.


Совршениот избор за се, од викенд вожњи до целодневни екскурзии. Во Specialized викаат дека добиваш се што ти треба и ништо од тоа што не ти треба. Перфектна комбинација на перформанс, способност и вредност. Геометрија специјално наменета за 29 инчните тркала, 110мм травел и лесната рамка се дел од спецификацијата на иделаниот баланс помеѓу ефикасноста и суспензијата за секој возач.


Уште од дебитирањето во 1981 година сеуште е еден од најдобрите машини за авантура и икона во овој сегмент. Се друго е излишно да објаснуваме тука.


Опасна all mountain машина, добро позната на сите што сакаат да летаат надоле. Понесете си штитници и памет во глава.


Кога патеката бара брзо, ефикасно и агилно оружје, тогаш Stumpjumper HT е тоа што ви треба. Со многу светски и државни освоени шампионати, оваа чистокрвна крос кантри машина има агресивна геометрија и прецизно управување и на највисоки брзини. За овој модел препораката е и од лично искуство.



MOUNTAIN BIKE – Жени

Првиот женски full suspension 29 инчен придружник. Ги отвора можностите за истражување на секакви терени. Од питоми патеки до технички спустови со геометрија која го прави најспособниот женски 29 инчен full suspension.



ROAD BIKE

Класика со која Tom Boonen рекорден четврти пат ја освои Paris – Roubaix во 2012. Мислам дека доволен е овој факт за сега.


Венгето е чиста наука. Со аеродинамичноста и цврстината што ја има, оваа машина е направена за да лета и да го скрши духот на сите што ќе ги оставите зад вас.


Ова беше кратка најава за да потече по некоја лига, а за долго и широко и брзо и стрмно и лудо и незаборавно се гледаме на водно во сабота и недела од 9 часот.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија