Спасиќ на спринт и класик во Бања Лука

Македонскиот кајакар Љубомир Спасиќ ја претставуваше нашата репрезентација на Светскиот Куп во кајак на диви води изминатиов викенд во Бања Лука.

 

Љубомир настапи во кајак на диви води – спуст во дисциплините спринт и класик на Светскиот куп што се одржа изминатиов викенд на реката Врбас во Бања Лука каде учество земаа 18 држави

Нашата репрезентација 15 години немаше претставник во овие дисциплини, а со ова се планира возобновување на оваа кајак дисциплина.

Тој во дисциплината класик заврши на 33тото место додека во спринт на 34тото место, а исто така, пред ова натпреварување зазема учество и на спринтот во Светското првенство во Солкан, Словенија.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија