Спакувај се во елек!

Ако ви е смачено да пакувате торби или ранци за било какво патување, тогаш дефинитивно треба да си купите елек. И тоа не било каков, туку елек во кој може спакувате четири маици, шест пара чорапи, четири пара гаќи, ракавици, зимски шал, еден пар фармерки… и притоа, кога ќе го носите на себе да изгледате сосема природно.

Иновативниот производ е смилен од британската компанија Stuffa и колку и да звучи неверојатно сето ова да го спакувате во елек тоа е возможно затоа што тој содржи 12 џебови во внатрешниот дел на поставата со можност да издржи облека тешка до 5 килограми.

Компанијата сними и промотивно забавно видео за мултифункционалноста на елекот.